Фотографии од камиони кои истураат шут во заштитната зона на кејот на Вардар во Карпош 4, денеска беа споделени во групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“, по што членовите повикаа на протест овој петок.
Не само што немаат намера да направат барем еден чекор за исправање на грешката туку си продолжуваат демонстрирајќи сила и надмоќ. Ова не е безобразие, ова е силување, ова е изживување со граѓаните на Карпош и нивната свест и интелегенција, вели Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош и советник во општината.
Тој порача дека граѓаните немаат намера ниту да мижат ниту да преќутат.
Ќе бидеме јасни и гласни со ПРОТЕСТ против ова безобразие и насилство врз животната средина. Нема друг начин да ја согледаат реалноста и да ги соочиме со грешките што свесно ги прават.
Во петок, 25 декември, од 16:30ч раскрсницата пред „Ситимол“ на бул. „Партизански одреди“! Добредојдени се сите жители на Карпош без оглед на партија, вера или убедувања, повика Јаревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.