Наркомани секојдневно во вечерните часови се собираат во близина на основното училиште „Димитар Македонски“ во Лисиче, каде што земаат дрога при што наоколу остануваат расфрлани голем број употребени шприцови, реагираат граѓани на Фејсбук.
Тие предупредуваат дека така расфрланите шприцови се опасност за децата кои потоа, наредните денови доаѓаат да си играат кај лулашките.
Во Лисиче кај лулашките кај ОУ ,,Димитар Македонски” ноќе речиси секој ден се „самовакцинираат“. Внимавајте на децата кога се на лулашките! – се вели во објавата на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.