Угостителските објекти се еден сериозен ризик за ширење на коронавирусот и затоа го ограничуваме работењето до 18 часот, рече министерот за здравство Венко Филипче. Но од друга страна во Центарот на Скопје почнаа поставуваат дрвените штандови во кои ќе продаваат различни пијалоци и ќе се продаваат разни производи, пренесува ТВ21.

Првично од Град Скопје порачаа дека оваа година нема да има дрвени куќарки, но сепак се премислија. Од таму велат дека сè уште не се знае каде точно ќе бидат поставени и која ќе биде оддалеченоста

Во штандовите ќе се продаваат колачи, бижутерија, сувенири, подароци, но нема да има пијалоци, велат од Град Скопје за телевизијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.