Граѓаните кои први ја набавиле персонализираната картичка „Скопска“ за користење на јавниот превоз пред повеќе од четири години ќе мора да ја променат со нова. ЈСП – Скопје во моментов е во процедура за набавка на нови електронски картички и билети, со тендер што беше распишан до 30 јануари. Новите картички сукцесивно ќе се набавуваат, а со цел да се задоволи потребата од замена на досегашните персонализирани картички, објави „Мета.мк“.

Рокот на важност на месечните билети за скопскиот јавен превоз изнесува максимум 4 години, така што оние кои набавиле „Скопска“ пред 2016 година ќе треба да набават нова персонализирана картичка што чини 200 денари.

Граѓаните на кои им е истечен рокот на персонализираната картичка, ќе мора повторно да одат до центрите за персонализација на ЈСП на Транспортен центар, Карпош 2 или во Аеродром до ТЦ Капитол. За да не останат без месечен билет за возење, граѓаните на овие три локации можат да се информираат за рокот на важност на нивната картичка „Скопска“, доколку не се сигурни кога таа била изработена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.