ЈСП се правда по објавената информација дека не било дозволено лице со попреченост заедно со своето куче водич да влезе во автобус на ова претпријатие. Оттаму велат дека за случајот дознале од социјалните мрежи и ако навистина е тоа така, веднаш возачот ќе бил санкциониран:

Почитувани,
Ве информираме дека за случајот дознавме преку социјалните медиуми.
Веднаш преку порака го исконтактиравме Александар да ни објасни за случката, но, се уште ни нема одговорено.
Во меѓувреме, телефонски стапивме во контакт и со неговиот татко кој немаше никаква информација за настанот. Поради работни обврски, ни рече дека во текот на попладнето ќе не исконтактира.
Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола.
Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.