Од претстојниот викенд (23-24.02.2019 година) ќе биде зголемен бројот на поаѓања на автобуси на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно). На посочената линија во ударните термини ќе возат по уште два автобуса за разлика од досега соопшти ЈСП Скопје.

Притоа, редуцирани ќе бидат термините на поаѓања на линиите 25А (Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно).

Измените во возниот ред се должат на анализите направени на ЈСП Скопје и Град Скопје, при што беше утврдена преоптовареност на автобусите на линија 25, односно постои зголемен интерес на граѓаните за користење на јавниот превоз до Средно Водно од почетната станица од Транспортен центар. Истовремено, пак, помал број на граѓани од очекуваните користеле јавен превоз до Средно Водно со линиите 25А и 25Б, со почетна станица од Автомакедонија/Стара железничка станица и од Дом на печат.

Користењето на линиите 25, 25А и 25Б се бесплатни за време на викенди и државни празници. Одлуката ја донесе Град Скопје со цел за помасовно користење на јавниот превоз за транспорт до Водно, со дестимулација за користење автомобили, како една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.
Линијата 25 функционира секој ден, освен во понеделник, а 25А и 25Б сообраќаат само за време на викенди и државни празници.

Во прилог е возниот ред на линиите 25, 25А и 25Б со важност од сабота (23.02.2019 година).
Возниот ред ќе важи секој викенд и државен празник.

*ВОЗЕН РЕД 25 (Транспортен центар-Средно Водно)

Транспортен центар-Средно Водно
8 ч, 9 ч, 9.40 ч, 10 ч, 10.20 ч, 10.50 ч, 11.20 ч, 11.50 ч, 12.20 ч, 12.50 ч, 13.20 ч, 13.50 ч, 14.20 ч, 14.50 ч, 15.20 ч.
Средно Водно-Транспортен центар
8.40 ч, 9.40 ч, 10.40 ч, 11.10 ч, 11.40 ч, 12.10 ч, 12.40 ч, 13.10 ч, 13.40 ч, 14.10 ч, 14.40 ч, 15.10 ч, 15.40 ч, 16.10 ч, 17 ч.

*ВОЗЕН РЕД 25А (Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно)

Автомакедонија/Стара железничка станица-Средно Водно
9.10 ч, 10 ч, 11 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 15 ч.

Средно Водно-Автомакедонија/Стара железничка станица
9.30 ч, 10.30 ч, 11.30 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 14.30 ч, 15.30 ч.

*ВОЗЕН РЕД 25Б (Дом на печат-Средно Водно)

Дом на печат-Средно Водно
9.15 ч, 10.15 ч, 11.15 ч, 12.15 ч, 13.15 ч, 14.15 ч, 15.15 ч.

Средно Водно-Дом на печат
9.45 ч, 10.45 ч, 11.45 ч, 12.45 ч, 13.45 ч, 14.45 ч, 15.45 ч.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.