Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажува неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.11.2021 до 03.12.2021 зема 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18) – информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.