Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар симболично ѝ го променија името на Јорганџиската улица во Старата скопска чаршија во Европска улица.
На оваа улица пред неколку недели се докажа пред очите на Европа нашата вредност на добро пречекување и најдобро се искажа волјата да се биде дел од Европската унија преку воодушевувачкиот гест на мајсторот на филиграни Селајдин Асани, кој на Могерини ѝ подари скромен, но многу значаен подарок. Во чест на неговиот хуман гест, заедничка желба беше да го овековечиме овој момент со новото име на улицата и со нејзиното декорирање со чадори на кои стои назнаката „ЕУ за Тебе“, рече градоначалмикот на Чаир Висар Ганиу.
Ганиу изрази благодарност до Амбасадата на Европската унија во Македонија за почитувањето на овој хуман гест и за грижата кон Старата скопска чаршија преку постојана поддршка на проектите за зачувување на нејзината културна вредност. Тој истотака дека новото име нема да остане само симболично туку ќе покрене официјална постапка за нејзино формално именување под името Европска улица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.