На денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Љупчо Јаневски од  Граѓанското движење „ Одлучно за промени“ престави дел од предизборната кампања со која ја бара довербата од граѓаните на оваа скопска општина.

Како интелектуалци некогаш треба да излеземе од својата комотна зона. Треба да застанеме позади тоа што го промовираме и со својот интелектуален капацитет да помогнеме и да дадеме различно гледиште на самата општина. За тоа ние сме должни како луѓе, како граѓани на оваа земја! Општествено одговорно е да понудиме нови идеи, концепти, опции и да пренесеме искуство, а верувам дека тоа можеме да го направиме. Според мене патриотизмот не е викање УАА! Не е делење на ваши и наши. Патриотизмот е претставен и преку фарбање на ограда, косење трева, чистење на улица, подигање на сметот, иако не мој или наш, за да дадеме пример и мотивираме други да го следат. Тоа е многу повеќе и влијае позитивно на останатите, ни помага да направиме подобро место на живеење. Верувам дека тоа ќе го препознаат жителите на општината Ѓорче Петров, луѓето коишто долги години се горди затоа што нивната општина е дел од Скопје, но и посебен дел од него, рече Јанвески.

Програмата треба да овозможи општината Ѓорче Петров да стане првата зелена општина во градот во првата година се предвидува:

  • Нула диви депонии во Ѓорче
  • Решавање на проблемот со кучиња скитници во општината (прв модерен стационар за кучиња скитници)
  • Создавање на долгорочна стратегија за зелен економски развој на општината Ѓорче Петров 2021-2031 година
  • Нови 10000 автохтони дрва на територијата на општината
  • Субвенционирање од 50% за 1000 нови велосипеди во Ѓорче
  • Нов општински парк на местото на депонијата Лепенец – Ново Село
  • Обнова на дотрајаната и оштетена урбана опрема
  • Безбедна општина за сите

Доволно е од ваши и наши, доволно е од нивни, доволно е од леви и десни. Овде се работи за нас, ЗА ЃОРЧЕ! За сите луѓе кои што гравитираме и живееме во општината и според мене доволно се поделби бидејки резултатот е очигледен. Потребна е заедничка работа да му го вратиме препознатливиот лик и дух на Ѓорче, заврши тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.