Кучето Пабло, кое пред еден месец беше заловено од страна на Лајка се врати дома. Иако „Лајка“ бараше сопствениците да дадат 300 евра или Пабло, кое добило ново име, Том, ќе биде дадено на нови сопственици.
Јавноста вчера, откако Пабло, под новото име Тон, беше огласен за вдомување, се крена против „Лајка“. Се бараше пабло да се врати кај семејството кое се грижело за него откако имал само два месеци. Денеска „Лајка“ на својот профил објави:
Замолуваме да не се злоупотребува случајот со кучето Пабло🙏
Денеска лицата кои тврдеа дека кучето е нивен домашен миленик, беа повикани во нашето прифатилиште и сите недоразбирања се надминати.
ЈП ЛАЈКА СКОПЈЕ е сервис во служба на сите граѓани и работи согласно закон и прописи.
Сите шпекулации и злоупотреби по социјалните мрежи ги демантираме и нагласуваме дека сме постапиле согласно нашите ингеренции.
Линкот од реакцијата на кучето кога ги гледа своите сопственици видете го на следниот линк.
Но, иако Пабло е дома, реакциите од јавноста не стивнуваат:
Срам да ви е! Со вакви евтини квази ПР моменти не се брише тоа што сте го направиле. Да не беа реакциите на ФБ и објавата на А1 он ќе го дадевте Том… некој треба да одговара! А не да и трепкате на јавноста и да мислите дека е глупа! – стои во коментар под објавата на „Лајка“.
Во друг коментар пак стои:
Откако цела јавност ве направи лом, откако цел народ ве мавна од земја и ве направија од гомно подоле, и откако сте ги малтретирале луѓето зборите како сите недоразбирања се надминати.
Не бе , не се сите недоразбирања надминати.
Пробавте да изнудите пари од сопствениците, не ви пројде и ајде сега, еве ние сме добри,ја поправивме грешката.
Одите утепајте се сите таму, гниди.
Се огласи и семејството кое си го врати своето куче. Тие се заблагодарија на јавноста и медиумите кои им помогнаа во борбата да си го вратат кучето дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.