Во дебатата на 6 градоначалнички кандидати за град Скопје (ТОП ТЕМА на Телма) многу енергија беше вложена во слободно може да ја наречеме „кенеф-дебатата“ за потребата од градски тоалети во Скопје кои треба да им помогнат на тркачите-рекреативци на кејот на Вардар кои наместо да се стискаат би спортувале многу полесно.
Актуелниот градоначалник Шилегов тврдеше дека барокот не оставил место за јавни тоалети, додека тоа го негираа Бени Шакири од коалицијата ЛДП-ДОМ и Перо Георгиевски од Левица.
Георгиевски (Левица): Мене Вашите ботови ми се смееја дека говорев за тоалети и за веце. Дали Вие во Вашата програма за 2017-та година имавте изградба на тоалети. Повелете.
Шилегов (СДСМ): За кои тоалети?
Георгиевски (Левица): Тоалети, по градот, по стазата. Јавни тоалети. Имавте ли во програма. Дали направивте едно веце.
Шилегов (СДСМ): Недостаток е на јавни тоалети во централното градско подрачје поради барокизацијата на …
Георгиевски (Левица): Барокот е крив, веце што нема .. на стаза, на Кеј.
Шилегов (СДСМ): Нема кеј на се што има веце. Вие сега може да импутирате што сакате меѓутоа во урбаниот дел од градот не постои локација каде што во центарот може да биде поставена. Бараме локации, соодветни. Да имаме јавни тоалети.
Георгиевски (Левица): Клупи од 500 евра, урбана опрема, може да поставите, а вецеа од 10 евра не може да ставате.
Шилегов (СДСМ): Значи..
Георгиевски (Левица): Браво
Бени Шакири (ДОМ- ЛДП): Г-дине Георгиевски, зошто да не бидеме град кој прв ќе има вецеа на кеј. Еве и јас сум тркач, трчам на кеј.
Шилегов (СДСМ): Затоа што, ако ги знаете законските прописи за малото и големото корито на реката Вардар не се дозволени градби како што беа галиите на Вардар…
Георгиевски (Левица): ТОИФОР (подвижните сини тоалети, н.з.) господине, ТОИФОР.
Бени Шакири (ДОМ- ЛДП): Зошто имате јавни вецеа кај мостот Гоце Делчев, ако не се лажам? Кои патем се рунирани.
Шилегов (СДСМ): Надвор од коритото се г-дине Шакири
Георгиевски (Левица): ТОИФОР.
Проблемот со немање јавни тоалети во главниот град провејува со години, и срамежливо се спомнува и се „решава“ во повеќе изборни циклуси, но не толку гласно како во актуелната трка за градоначалник.
„Јавен тоалет версус барок“ дебатата на тројцата кандидати почнува на 30тата минута во видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.