Денеска скопјани споделуваат фотографии од студентскиот дом Кузман на кои јасно се гледа огромно загдување на воздухот кое излегува од оџакот на објектот.

„Студентскиот дом Кузман, загадувач број 1“ – е најчест коментар на фотографиите.

Очигледно е дека просториите во студентскиот дом се загреваат на мазут чие согорување остава видлив црн белег на скопското небо и придонесува кон збогатување на скопскиот воздух со додатни хемиски елементи опасни по нашето здравје.

Заменикот-министер за животна средина, Јани Макрадули излезе со свој став откако беше повикан од „О2 иницијатива“ во врска со денешната фотографија

Студентскиот дом Кузман Јосифоски-Питу беше во плановите на Владата и ние ги префрливме парите за домот да се приклучи на централно греење. Направена беше мапа, домот да престане да се грее на мазут – изјави Макрадули за „Фокус“.

Аерозагадувањето во Скопје е повторно актуелна тема овие денови, откако главниот град повторно беше меѓу најзагадените градови во Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.