Од Општина Карпош информираат дека градоначалникот, Стевчо Јакимовски, денеска имал средба со претставници на планерските куќи кои во моментот изработуваат урбанистички планови за општина Карпош.

Како што соопштија од локалната самоуправа, на средбата Јакимовски побарал од нив да подготват презентации на сите планови.

-На средбата побарав од нив да подготват комплетни презентации на сите планови без разлика во која фаза на изработка се во моментот и истите да бидат ставени на увид пред Советот на општината и пред јавноста. Во Карпош ќе се работи само транспарентно!, сподели Јакимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.