Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски се обврза да изгради современ пензионерски дом во кој ќе има апартмани, простор за здравствена заштита, физикална терапија, забава и рекреација.
Јакимовски најави дека како градоначалник на Карпош, заедно со пензионерските здруженија и министерството за труд и социјална политика домот ќе го изгради на потегот кај булевар Илинден, а пензионерите од Карпош ќе можат да го користат по многу поволни услови.
Дванаесет илјади пензионери конечно треба да добијат свој пензионерски дом и затоа на овој потег кај булеварот Илинден ќе предвидиме таков дом. Ќе биде граден на трипартитна основа – општина Карпош, пензионерски здруженија и министерство за труд и социјална политика. Тоа ќе бидесовр емен дом каде што ќе има апартмани за пензионери, каде што ќе има простор за забава, за рекреација, за здравствена заштита, за физикална терапија и тоа ќе им се стави на располагање на пензионерите по многу поволни цели за да може да го користат, најави Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.