Вистината е следна. Одговорно им тврдам на жителите на Тафталиџе 1 дека нема да се гради ниту еден објект на улиците Букурешка и Варшавска, иако се ставени во овие предлог-планови што ги гледавме во изминатиот период. Граѓаните треба да имаат доверба во својот градоначалник, вели градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски.
Тоа што е ветено, ќе биде и исполнето од моја страна. Во други делови ќе пристапиме со огромна внимателност пред што и да било да треба да се прави затоа што пораката на граѓаните ни е јасна, а истовремено и нашите размислувања одат во таа насока. Поради тоа, не треба никој да се плаши ниту да го брани Тафталиџе од мене – вели Јакимовски во краткото видео објавено на неговата Фејсбук-страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.