Инцидент се случил денеска во просториите на Општина Карпош, а според информациите се работи за обид за убиство поради љубовна расправија. Дел од медиумите излегоа со тврдење дека лицето кое по денешниот инцидент е во бегство е вработен во општината и близок пријател и соработник на градоначалникот Стефан Богоев задолжен за секторот за човечки ресурси.
На денешниот настан му претходел љубовен тријаголник, а повредениот е сопруг на љубовницата на вработениот во општината кој бил итно пренесен во болница.
Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ и поранешен градоначалник на Општина Карпош вечерва на фејсбук излезе со свој став.
Има повеќе народни поговорки како на пример: Кога мачорот дреме, глувците оро играат; Бадијалџија Поп, телиња си крсти.
Е така кога во Општина Карпош Градоначалникот си игра Кантер страјк а службениците бидејќи немаат работа од досада си се заљубуваат.
Другарчето на Богоев кој исто така се вика Стефан, станал главна фаца во Општината со авторизација на другар му Градоначалникот и почнал да влегува во љубовни афери.
Арно, ама мажот на неговата колешка разбрал за врската и денеска дошол не само физички да се пресмета со Стефана од човечки ресурси, туку и малку да го сече. Кој дел од телото сакал да му исече останува енигма.
Но најбитно е што е вон животна опасност, а љубоморниот кољач е во бегство.
Еее почитувани пријатели, некогаш Општина Карпош беше позната по добивање награди и тоа меѓународни, а денес по љубовни афери.
Да е само таа па ќе ја разберам, за жал не е единствена ова е само шлаг на тортата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.