Кандидатот за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, најави продолжение на проектот за менување на азбестните покриви на сите објекти во општината.
Во план е, како што рече Јакимовски, општината да го обезбеди целиот потребен материјал за менување на покривите направени од овој канцероген материјал, а граѓаните ќе имаат обврска да ја платат работната рака за поставувањето на новите покриви.
Во општина Карпош ќе продолжиме со проектот замена за азбестните кровови бидејќи истите се канцерогени. Општината ќе го донира комплетниот материјал што е потребен за замена на овие покриви додека граѓаните ќе имаат обврска само да ја платат работната рака. Со овој проект, овој канцероген материјал нема повеќе да го има над главите на нашите граѓани – рече Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.