Кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевчо Јакимовски најави бесплатен превоз на граѓаните од населените места Трнодол, Жданец и Средно Нерези до булеварот Партизански одреди. Целта на овој проект е да се олесни поврзувањето на жителите од овие населени места со централниот дел од општината преку воведување на автобуски линии. Превозот ќе биде
бесплатен, а трошоците ќе бидат на сметка на општината, најави Јакимовски.

И со бас рапид транзит на градоначалникот Шилегов не се решава
проблемот на граѓаните од Трнодол, Жданец, Средно Нерези. Тие и натаму
ќе бидат отсечени од булеварот Партизански одреди каде што е најголемата
фрекфенција и каде што граѓаните имаат најмногу потреба да се движат. Од
тие причини општина Карпош ќе има минибуси кои ќе се обраќаат од
Трнодол, Жданец и Средно Нерези до булеварот Партизански одреди. Ова
особено ќе биде во интерес на повозрасните граѓани на Карпош, како и за
учениците кога наутро одат за на училиште, особено во средните училишта.
Сето ова ќе биде бесплатно на товар на буџетот на општина Карпош, најави
Јакимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.