Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави реновирање и покривање на спортското игралиште Сокол во Карпош 1
за да може да се користи во сите годишни времиња и под сите временски услови. Култното игралиште исто така ќе добие вештачка трева и нови трибини.

На култното игралиште Сокол ќе се игра и кога ќе врне и кога ќе вее. Ова игралиште овде ќе го покриеме ќе ставиме вештачка трева ќе направиме уште подобри трибини за да можат младите да играат и кога паѓа дожд и кога врне снег и сето тоа ќе биде на терет на општината, изјави Јакимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.