Почитувани граѓани на Карпош, После пријава од граѓани дека околу трговскиот центар Антико во Карпош 4 има смет кој не е расчистен со месеци, утрово лично направив обиколка, соопшти на својот фејсбук профил градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Можам да заклучам дека:

Во ТЦ Антико не е собиран смет со месеци

Се таложи отпад и локацијата е навистина во лоша состаојба

Општина Карпош веднаш ќе превземе активности за собирање на сметот

Општина Карпош ажурно ќе работи во тековно одржување за повеќе да нема вакви случаи.

Карпош мора да биде чист!

Ќе го вратиме сјајот во Општината!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.