Општинската изборна комисија во Карпош денеска им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник Стевчо Јакимовски и советниците од Советот во општината.Потоа во кабинетот на градоначалникот на општината беше извршено примопредавање на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Стефан Богоев и новиот градоначалник Стевчо Јакимовски.По примопредавањето на функцијата градоначалникот Јакимовски одржа состанок со општинската администрација при што на вработените им посака успешна работа во функција на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.