Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски се обврза до почетокот на летото да го пушти во употреба најветуваниот парк во Македонија лоциран на кејот на реката Вардар во населбата Карпош 4.

Претходно, како што рече Јакимовски, ќе биде направена анализа на просторот и доколку биде утврдено дека има опасни материи кои ја загрозуваат еколошката средина ќе бидат отстранети. Покрај холтикултурното уредување, во паркот ќе биде поставена и урбана опрема, како и осветлување за да можат жителите на Карпош да го користат и во текот на ноќните часови.

Ова е најветуваниот парк во Македонија. Но, другата година, конечно ќе го пуштиме во употреба. Во текот на зимскиот период ќе направиме еколошки елаборат и доколку има шут, смет или било какви други материи кои не треба да бидат тука и се загрозувачки за втората заштитна зона на бунарите тоа ќе го отстраниме и до почетокот на летото наредната година ќе го ставиме на располагање на граѓаните на општина Карпош. Ќе има хортикултурно уредување, ќе поставиме урбана опрема, осветлување и ќе можат граѓаните да рекреираат и да го користат во текот на ноќните периоди, најави Јакимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.