На карпошани и центарци им се брза да изберат градоначалник, а во Сарај жителите не се заинтересирани за гласање, покажуваат податоците на ДИК од пресекот во 13 часот. Според официјалните податоци, до 13 часот, правото на глас го искористиле 29,54% од запишаните гласачи во Карпош, што претставува најголем просек во Скопје и зголемување на интересот во споредба со првиот круг за цели 9%.
Најнезаинтересирани се жителите на Сарај. Таму правото на глас го оствариле само 10,47% од запишаните избирачи. Сепак, ова не изненадува, затоа што во оваа општина традиционално се гласа во мрак.
Карпошани денеска избираат градоначалник на општината и градоначалник на Скопје. Исто така, градоначалник на општината и на градот избораат ицентарци и чаирчани. Во Центар излезноста во 13 часот е исто така висока, 28,19%, а пак во Чаир изнесува 19,85%, што е за 4% повеќе отколку во истиот пресек во првиот круг. Во првиот круг во Центар, излезноста во овој пресек изнесувала 20,61%.
Во другите општини, каде што се гласа само за градоначлник на Скопје, најголема излезност има во Кисела Вода, 27,03%, потоа во Аеродром 26,06%, Ѓорче Петров 25,63%, Гази Баба 23,57%, Бутел 22,30% и Шуто Оризари 15,72%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.