Загадувањето е проблем кој си засега сите граѓани, и старите и младите, и децата и возрасните. Против енормното загадување, својот глас денеска го кренаа и средношколците, кои во таа своја намера беа попречувани од своите професори, а власта побрза нивниот протест против загадувањето да го оквалификува како партизиран и организиран  од некого! Очигледно функционерите не можат да сфатат дека тоа се нивни, наши деца, младината и иднината на оваа земја и дека единствено што прават е борба за нивното и здравјето на сите.

Осврнувајќи се на оваа ситуација, Ивор Мицковски реагираше преку Фејсбук статус:

Зоки ќе ги вадеше младите од кревет и ќе ги отргнуваше од алкохолизам.
Излегоа млади на пола саат за супер кауза, пробаа нешто да кажат, партијата на власт излезе со 10 соопштенија и пресови, активираше се што можеше од апологети, како младите всушност се партизирани и организирани од некого – напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.