Пожар зафати напуштен објект во центарот на Скопје, на улица „Максим Горки“, спроти Соборниот храм. Интервенираше противпожарната служба со 13 пожарникари и неколку возила.

Се работи за објектот на поранешната позната сендвичара „Кинг бургер“, за кој минативе години скопската чаршија кружат муабети дека е предмет на нерасчистени сопственички односи.

По брзата интррвенција на против пожарните служби, спречено е понатамошно ширење кое би ги зафатило и околните куќи згради, а при акцијата немаше повредени. Како што соопштуваат, допрва ќе се утврдуваат причините за избувнување на пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.