Државниот завод за статистика денеска објави дека во јануари се издадени 307 одобренија за градење што е за 62,4 проценти повеќе во однос на истиот месец лани.
Предвидената вредност на објектите е 4,055 милијарди денари што е за 68,1 процент повeќе во однос на истиот месец лани.
Најголем број односно 157 одобренија се наменети за објекти од високоградба, 91 за објекти за реконструкција и 59 за објекти од нискоградба.
Во овој период предвидена е изградба на 810 станови со вкупна корисна површина од 60.233 метри квадратни.
Од вкупно 307-те објекти, кај 175 како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 132 објекти инвеститори се деловни субјекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.