Избори поминаа, Папата замина, ама заробените дрвја си останаа заробени. Предизборни изјави од типот „ја примивме пораката од граѓаните“, се покажaa празни, пишуваат од 02 Иницијатива.
Во Скопје има повеќе од 700 дрва кои се зацементирани, а досега само неколку се ослободени. Град Скопје и Шумарскиот факултет во Скопје пред пет месеци потпишаа меморандум со кој се обврзаа да се „ослободат“ дрвјата од цементот.
Пет месеци изминаа, дрвјава ниту една педа не се ослободени. Им е гајле, нек умрат, нови стапчиња ќе засадат и ќе кажат „засадивиме 1000 нови садници“. Алармирано е во текот на изминативе месеци – џабе. Акцијата ‘Метла’ за Град Скопје нека почне од тука, Зоран Заев, Петре Шилегов, Адријан Муча. Ако воопшто некој нешто и мислел кога потпишувал меморандум со Шумарски факултет за ослободување на дрвјата во јануари годинава и за Метлата, велат од о2 Иницијатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.