Продукцијата Скопје Филм Студио ја известува јавноста дека во периодов се снима нов долгометражен игран филм со работен наслов „Хомо“ во режија на Игор Иванов. Филмот се снима на повеќе локации низ Скопје.

Од Продукцијата известуваат дека на ден 07.04.2019 година (недела) на Бул. Видео Смилевски – Бато во периодот од 10-17 часот сообраќајот ќе се одвива со посебен режим на сообраќај и истиот ќе биде стопиран и пренесочуван кон околните улици со повремени пропуштања на возилата. Воедно ја известуваме јавноста дека во сцената која ќе се снима на оваа локација, ќе се употребат специјални филмски ефекти со кои ќе биде симулирана експлозија на рачна бомба. Ги замолуваме граѓаните да ја ибегнуваат оваа улица во наведениот период, стои во соопштението од продукцијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.