Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски станува инвеститор и ќе гради зграда на атрактивна локација во општината каде беше градоначалник, покажуваат документите до кои стигна „Радио Лидер“. Коневски на 20.03.2020 година склучил договор каде се јавува во улога на инвеститор, склучен преку неговото правно лице, „Адвокат Ивица Коневски”.
Се работи за заедничко градење на објект на ГП 5.11 ДУП локалитет Црква УЕ Б. Според извод од план 161/2016 ДУП, локалитет црква УЕ Б, на улица „Фрањо Клуз“ предвидено е домување во станбени згради. Градежното земјиште на кое се градат овие згради претходно било во сопстеност на Република Македонија. На 01.12.2012 година е поднесено барање за приватизација на истото тоа градежно земјиште со бр 3588/1.
Симптоматично е, пишува порталот, што овој ДУП е гласан токму во време на неговиот градоначалнички мандат, што значи Коневски самиот си ги создал условите. Партнер во градбата е лице кое за време на градоначалствувањето на Коневски изгради огромен градежен бизнис благодарение на соработката со поранешниот градоначалник на Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.