Комунален редар од Град Скопје минатиот викенд бил истепан од граѓанин на кој му пишал казна оти се паркирал во зеленило во населбата Аеродром. Комуналните редари вршеле контрола низ општината и на булеварот Јане Сандански затекнале возило паркирано во трева. Пишувајќи казна за непрописно паркирано возило, редарите биле физички нападнати.

Нашите редари и инспектори можат да пишуваат казни за паркирање во зеленило, додека за непрописно паркирање на улица немаме надлежност. Додека пишувале казна сопственикот на возилото оставено во трева го нападнал едниот редар и му удрил бокс. Направен е записник и случајот е пријавен во полиција“, вели раководителот на Инспекторатот на Град Скопје за СДК Мирослав Богдановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.