Во центарот на Скопје, кај Комплексот банки, попладнево се запали автобусот на ЈСП. Повредени нема, а пожарот веќе е изгаснат.

Како што потврди за МИА Владимир Симоновски од Противпожарната бригада, причината за пожарот е запалување на моторот на автобусот.

– Причина за пожарот најверојатно е моторот на автобусот, можно е да станува збор за истекување на нафта. Противпожарната екипа интервенираше во гаснење на пожарот и сега е завршено, рече Симоновски.

И од МВР потврдија дека „причината за пожарот е моторот“ и дека тој веќе е изгаснат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.