Градоначланикот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, се сретна со хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ, при што и ги презентирал плановите и проектите кои беа дел од неговата програма, како и оние кои веќе се почнати со реализација
Посебно внимание посветивме на можностите на подобрување на деловната клима и инвестицискиот амбиент во општината што ќе донесе значајни економски придобивки за граѓаните.
Амбасадорката ја изрази својата желба за заедничка соработка преку иницирање на проекти од заемен интерес, а посебен акцент беше ставен врз искористувањето на хрватските искуства во поглед на искористување на средствата со европските фондови.
Соработката со Република Хрватска ќе продолжи и во иднина и ќе се зацврсти, а сето тоа ќе биде во интерес на жителите на Кисела Вода – информира градоначалникот Орце Ѓоргиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.