Површина колку 15 фудбалски игралишта во атарот на с.Ново Село,на што се потрошија 10 милиони денари за расчистување, повторно се полни со отпад.
Дивата депонија во Ѓорче Петров се полни со отпад. Рампите се повторно отворени, а ѓубре има повеќе од било кога. Деновиве беа забележани камиони во сопственост на Општината, како го носат сметот на оваа локација, објави ТВ Алфа.
Иако во февруари жителите добиваа ветувања од надлежните дека просторот ќе биде исчистен и на местото ќе има паркови, и сега дишат загаден воздух, а непријатна миризба се шири на околните населени места.
Од Општина Ѓорче Петров велат дека чистењето на депонијата е стопирано поради корона кризата и потврдуваат дека општинските камиони привремено истовараат смет на истата. Она што ги загрижува граѓаните е зошто надлежните ако го стопираа расчистувањето, повторно ја полнат и онака дивата депонија. Од општината велат дека за еден месец, на ова место нема да има отпад туку зеленило, пренесе Алфа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.