Екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ на Град Скопје денеска го чистеа отпадот во депонијатата покрај Вардар зад СРЦ „Борис Трајковски“. Пред извесно време на оваа депонија изби пожар, па градските и општинските власти се сетија дека треба да преземат итни мерки.
Денеска на терен излегоа градоначалниците на Град Скопје и Општина Карпош, Петре Шилегов и Стефан Богоев, кои предупредија дека повеќе нема да се толерира фрлањето отпад на необележани локации.
Се расчистува депонијата која повеќе децении се трупаше покрај Вардар. Овој дел во минатото беше цел на палење, а со овој начин никогаш нема да се трупа со шут и ѓубре. Апелирам и предупредувам дека секое палење на несоодветни места ќе биде строго казнето. Немаме намера ние постојано да чистиме – рече градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.
Шилегов, pak, рече дека депонијата постои ов 1963 година и дека била сериозна закана за животната средна.
Оваа депонија е создавана од земјотресот во 1963 година и беше директно загадување на воздухот. Ќе работиме ова место никогаш веќе да не го загадува градот. Очекувам во иднина дека ова место ќе биде убаво за граѓаните, каде ќе можат да уживаат. Очигледно е дека кај некои од граѓаните не поминуваат само апелите. Депонијата Вардариште е направена од градот, а ги решаваме проблемите еден по еден. Вардариште има огромен капацитет на ѓубре, очекувам по изборите дека дел од тоа ѓубре ќе се согорува веќе. Вардариште не е наивен проблем – рече Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.