Откако утринава густ чад од дивата депонија зад СЦ „Борис Трајковски“ ги вознемири жителите на Скопје, на социјалните мрежи реагира актерката и активистка, Ирена Ристиќ.
Не се вознемирувајте, министре Нуредини! Дајте ми само момент да ги протолкувам димните сигнали! – пишува Ристиќ на Фејсбук, споделувајќи фотографија од темниот столб чад.
Реакцијата на Ристиќ доаѓа откако се запали смет од депонија што веќе подолго време постои на оваа локација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.