Инвеститорот има време до петок да ја урне нелегалната градба која до вчера се градеше на местото на изгореното кафуле „Фонтана“ кај трговскиот центар „Мавровка“.

Општинските и градежните инспектори на 10  јули утврдиле дека се работи за дивоградба, неколку дена подоцна одлуката му ја доставиле на инвеститорот, а рокот од 8 дена истекува во петок.

Одлуката за отстранување на објектот му е доставена на инвеститорот. Очекуваме до крајот на неделава тој сам да го сруши објектот. Доколку не го стори тоа понатаму ќе постапи Општината заедно со Инспекцискиот совет, потврдија за „Канал 5“ од Општина Чаир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.