Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се обрати на основањето на Б40 мрежата на градови од Балканот (B40 Balkan cities network) во рамки на самитот што денеска и утре се одржува во Истанбул, Турција. На самитот учествуваат 24 градоначалници од 11 држави, кои денеска разговараа за неколку клучни прашања што ги засегаат градовите од Балканот – како дигитална трансформација, урбана демократија и економска соработка. Станува збор за основање на Б40 Мрежата на градови од Балканот која ќе го отвори патот за соработка меѓу градовите и размена на позитивни искуства за решавање на урбаните проблеми.
Денеска ја основавме на Б40 мрежата на градови од Балканот (B40 Balkan cities network) во рамки на самитот што се одржува во Истанбул, Турција.
На самитот учествуваат 24 градоначалници од 11 држави со кои денес се обврзавме на соработка и креирање политики за унапредување во согласност со Европската визија.
Имаме вистинска можност да се обединиме околу една важна иницијатива, иницијатива на 40 градови која го обедини целиот Балкан. Денеска ја имаме можноста да разговараме за тоа колку нашите градови се различни, но и за нештата што не поврзуваат како посветеноста на зелената транзиција, дигиталната трансформација, инклузивни градови во кои сите ние сакаме да им овозможиме активно учество на нашите граѓани во градењето на политиките. Но, пред се, економската соработка меѓу нашите градови е она што треба да не обедини, да им овозможиме на нашите граѓани да живеат во поубав град. Тоа треба да биде таргетот на нашата идна соработка.
Верувам дека со оваа иницијатива ќе успееме да покажеме дека можеме да соработуваме, дека можеме да си помагаме и дека можеме да овозможиме раст и развој за нашите градови и за нашите граѓани. Да почнеме да градиме мостови на пријателство, соработка и солидарност, да покажеме дека можеме да бидеме успешни доколку иницијативите ги реализираме заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.