Дупот за Расадник не е донесен, постапката е сè уште во тек. Граѓаните имаа можност на јавна анкета двапати да даваат забелешки по однос на предлогот за дупот. Точно е дека имаше забелешки од незадоволни граѓани, но имаше и граѓани кои бараа поголема катност на зградите, вели во интервју за „Локално“, Филип Темелковски, градоначалникот на Кисела Вода.

Општината и да сака, според него, нема можности ниту пак средства да ги откупи плацевите и на тоа место, како што бараат граѓаните да направи парк. Но затоа, доколку се усвои дупот добитници, вели, „ќе бидат сите жители на општината“.

Покрај зградите, во кои ќе живеат околу 8.000 жители, ќе има многу паркови со зеленило, детски игралишта, катна гаража, подземни паркинзи и нови улици. Предвидена е изградба на нова детска градинка, основно и средно училиште, а ќе биде изградена и поликлиника. Со сите овие придобивки, на просторот на расадникот ќе овозможиме хумано живеење, истакна Темелковски.

Се уште не размислува за нов градоначалнички мандат, но додека ја води Општината Кисела Вода, најважно од се му е да го исполни ветеното – да реализира најголем број од проектите, со кои досега, според него, во руралните и урбаните населени места видно ја подобриле инфраструктурата.

За следната година, која е и последна од мојот мандат, имаме многу планови за подобар живот на сите жители на општината, додава градоначалникот на Кисела Вода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.