Новинарката и активист Ида Протугер е последна во низата на јавни личности и граѓани кои остро реагираат против пушењето во локалите во Скопје, кое веќе се практикува и во затворени простори, а казни како веќе да не постојат.
Протугер на „Фејсбук“ пишува дека штом видоа дека премиерот пуши во затворен простор, за институциите тоа автоматски значи дека е законски.
Чао Скопјенце, ми беше мило, ама се поретко ќе се гледаме. Се отрув од цигари, буквално нема место каде не се пуши. Нема веќе внатре надвор, секаде е дозволено бидејќи не се казнува веќе за тоа. Штом пуши премиерот, никој нема гајле и не почитува право на непушачите. Дури ни правата на децата. Мамички и татковци си пушат покрај нивните сопствени дечиња во игротеката во Дежа ву во Аеродром (фото). Таква ниска свест за здравје и квалитет на живот, што е застрашувачки. Луѓе со осетливи бели дробови треба да си седат дома бидејќи ќе се поболат од димните завеси во кафичите. На тоа се сведува функционалноста на институциите, ако премиерот пуши, тоа е автоматски законски. Грозно и жално, пишува Протугер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.