Општина Центар уште нема свикано седница за суспензија на Деталниот урбанистички план (ДУП). Инвеститорите секој ден можат да добијат правосилна дозвола за градба, а градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека по Велигден ќе се знае кога ќе биде закажана седницата на Советот на Општина Центар.
По Велигденските празници ќе знаеме кога ќе има седница на Советот, сега советниците од сите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и независни советници се заминати на продолжен празничен викенд и не се во Скопје, изјавил Богдановиќ за Сдк.мк.
Седниците на Советот на Општина Центар се одржуваат онлајн поради пандемијата на ковид-19, што значи дека може да се одржи седницата, а воедно неработни денови се само петок и понеделник.
Позитивна одлука на Советот е единствен спас да се спречи градба на трите кули од 16, 20 и 22 ката на инвеститорот „МГ Фешн“ и МПЦ-ОА, откако за една зграда веќе се платени комуналии од 2,4 милиони евра и од Општина Центар е побарана градежна дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.