Споредбата покажува дека, независно од тоа дали во некоја од 10-те општини во рамки на главниот град е избран градоначалник во првиот круг, сега одѕивот до 9 часот е повисок отколку на 17 октомври
Во повеќето општини во рамки на градот Скопје, исто така, е забележана поголема излезност во првите два час од денешното гласање во вториот круг, а во споредба со одѕивот во тој период во првиот круг пред две седмици.
Споредбата покажува дека независно од тоа дали во некоја од 10-те општини во рамки на главниот град е избран градоначалник во првиот круг, одѕивот сега е повисок отколку на 17 октомври.
Како исклучок може да се наведе Сарај, каде што градоначалникот беше избран во првиот круг, а сега се гласа само за скопски градоначалник. Таму овој пат излезноста до 9 часот е нешто пониска отколку пред две седмици.
Од друга страна, значително повисок одѕив е забележан во Аеродром, каде што градоначалникот, исто така, беше избран во првиот груг, но и во Карпош, каде што сега се бира и градоначалник на општината и на градот Скопје.
Сепак, во дел од општините во внатрешноста, денеска до 9 часот, е забележана повисока излезност отколку во скопските општини.
На ново на државата, излезноста во првите два часа од денешното гласање беше околу пет проценти, додека во тоа време имаше општини во кои одѕивот стигна и до 15 отсто (Ранковце) или над 9 отсто во Пехчево, Зелениково, Кратово, Пробиштип, Демир Хисар, Ресен…
Општина Вкупно избирачи Обработени Гласале Излезност до 9 часот
Аеродром 17.10/ 31.10 (се гласа само за градоначалник на Скопје)
66.905
66.905
(93,52%)62.569
(99,90%)66.836 2.319
3.634 3,71%
5,44%
Карпош 17.10/ 31.10 (се избираат градоначалници на општината и на Скопје)
54.639
54.639
(99,73%)6.615
(99,86%)54.561 313
3.678 4,73%
6,74%
Сарај 17.10/ 31.10 (се избира само градоначалник на Скопје)
32.967
32.967
(99,84%)32.913
(99,84%)32.913 613
541 1,86%
1,64%
Центар 17.10/ 31.10 (се избираат градоначалници на општината и на Скопје)
43.951
43.951
(99,86%)43.889
99,86%)43.889
1.523
2.735 3,47%
6,23
Чаир 17.10/ 31.10 (се избираат градоначалници на општината и на Скопје)
58.208
58.208
(99,76%)58.067
(93,65%)54.512
1.530
1.916
2,63%
3,31%
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.