Вечерва има енормно загадување на воздухот во неколку скопски општини.
Според мерните станици во Ректорат се измерени 296 ПМ 10 честички на метар кубен што е повеќе кратно од доволеното, во општина Центар 270 ПМ 10 честички на метар кубен, во општина Карпош 235, додека во општина Бутел 220 ПМ 10честички на метар кубен.
Локалните и централните власти се уште немаат преземено надлежност за решавање на овој проблем кој претставува рак-рана за граѓаните, кои наместо чист воздух кој што им го ветуваше Петре Шилегов и Зоран Заев во предизборниот период на локалните избори тие и понатаму дишат отров наместо чист воздух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.