Според „Ер вижуал“, специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот, Скопје утрово е на седмото место во светот според нивото на загаденоста.
На страницата рангирањето се врши според збирните податоци од мерните станици поставени во светските градови кои се соочуваат со лош квалитет на воздухот.
Скопје и синоќа беше меѓу десетте најзагадени светски градови.
Нивото на ПМ10 честички во возухот е неколкупати над дозволената граница. Мерењата презентирани на оваа апликација највисоко ниво на загаденост покажуваат кај Ректорат и во Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.