Грашаните на општина Ѓорче Петров ќе добијат парична казна доколку сушат алишта во својот двор.
Ваквите глоби се предвидени со новите измени и дополнување на одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на општината.
Во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад, не е дозволено сушење на алишта.
За непочитување на одредбите од овој член на одлуката, на сопствениците/корисниците на местата, комуналниот инспектор на општината или комуналниот редар ќе им изрече глоба согласно Законот за комуналните дејности – гласи одлуката на општина Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.