И полицијата се вклучи во потрагата по младиот скопјанец на кого од вчера му се губи секаков траг. Во Полициското одделение Петровец исчезнувањето го пријавила мајката М.Т.(44) од Скопје, според која 10 декември од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот син С.П.(26).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Претходно апели за помош од мајката и пријателите на семејството пристигнаа и на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.