Актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов јавно ѝ се заблагодари на својата партија откако по вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата тој се најде на листата на првите 30 потврдени кандидати за градоначалници кои ги обелодени партискиот лидер Зоран Заев.
На седницата на Извршниот одбор на СДСМ која се одржа вчера и официјално беше потврдена мојата кандидатура за градоначалник на Скопје на претстојните избори. Упатувам огромна благодарност до мојата матична партија за довербата и поддршката. Скопје го заслужува најдоброто, продолжуваме заедно во нови победи, напиша Шилегов на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.