Карпош сепак ќе воведе зонско паркирање, а како што коментираат од општината, анкетите покажале дека граѓаните го сакаат тоа. Според најавите ќе се воведе зонско паркирање во скопските населби Карпош 1 и Карпош 2. Од Општина Карпош велат дека и во рамките на онлајн анкетата за креирање на буџетот за наредната година, граѓаните како проблем го посочуваат недостигот на паркинг места.

„Локалната самоуправа во текот на 2020 спроведе анкети во Карпош 1 и Карпош 2, како населби кои се најзасегнати од ова прашање. Доминираат одговори за воведување на зонско паркирање, по што во тек се координативни активности со ЈП ‘Градски паркинг‘ за спроведување на регулација на паркингот“, стои во соопштението од Општина Карпош.

Жителите на Карпош бараат во буџетот на наредната година да се предвидат и пари за реконструкција на плочникот во комплекстот Порта Влае. Од Општината велат дека за таа цел веќе е донесе развојна програма за финансирање на проектот, во две буџетски години, а во финална фаза е основниот проект, кој предвидува нови гранитни плочки и хидроизолација за платото. Во првата половина на 2021 се очекуваат и теренските активности за реконструкција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.