Уривањето на дивоградбата пред ТЦ Мавровка продолжи и денеска, со два багери. Денешната работа ја обезбедуваат голем број полицајци.

Уривањето почна вчера, еден ден по владината одлука дивоградбата да ја урне „Македонијапат“ откако ниту една фирма не се јави на огласите на Општина Чаир.

Вчера првпат во јавноста се појави и сопственикот на дивоградбата, Мевљудин Алити, кој тврдеше дека имал одобрение да го обнови објектот и се закани дека за целата работа ќе тужи во Стразбур.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.