Мечувалечки клуб Ескрим оваа година третпат ќе ја организира Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром. Трката ќе се одржи во Градски парк во Скопје во недела, 24. март, со почеток во 11 часот.
Секоја година сѐ повеќе луѓе се вклучуваат во поддршка и организаторите апелираат таа традиција да продолжи.
Ова се нашите витези, ова се нашите шампиони – вели Билјана Кузмановска, организатор на трката.
Според нив, храброста на овие млади треба да биде негувана од секој аспект од нашето општество. Тие се сигурни дека и оваа година ќе приредат незаборавен настан кој ќе прерасне во традиционална манифестација која ќе ги поддржува лицата со Даунов синдром.
Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром се одржува по повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром. Сите средства собрани од котизациите ќе се искористат за доопремување на дневниот центар за лица со Даун. За зголемување на поддршката се повикуваат сите да го проследат настанот на Фејсбук фан страната: https://www.facebook.com/events/2289254421358215/.
За купување на котизации треба да се посети https://www.smartrace.club/.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.