Александар Стојкоски, кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ смета дека хигиената е проблем број еден кој, доколку победи, ќе биде решен. Вели дека многу му пречат преполнетите контејнери, ѓубрето околу нив.
Во неколкуминутно видео тој зборува за себе, за своето детство, за пријателите со кои играл серва, за она што може да го очекуваат ѓорчепетровци доколку тој победи на изборите. Вели дека победата ќе ја слави во паркот во Ѓорче Петров заедно со сите граѓани кои сакаат да присуствуваат.
Вели синот кој има 15 години му е најголемата поддршка, му дава совети за работи кои ги тангираат тинејџерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.